Фудбалерите на Барселона се врториот финалист на шпанскиот Суперкуп. Барса вечерва во Ријад ја победи Осасуна со 2:0 и закажа „Ел Класико“ борба за трофејот.
Моментот на одлука се случи во 59. минута кога Илкај Гундоган мајсторски го проигра Роберт Левандовски на работ од противничкиот шеснаесетник, а напаѓачот на Барса одлично ја прими топката, шутираше и ја затресе мрежата на Осасуна.
До самиот финиш Барса ја задржа предноста, а во судиското продолжение со голот на Јамал го потврди триумфот.
Финалниот натпревар од Суперкупот на Шпанија меѓу Барса и Реал Мадрид ќе се одигра во недела на 14 јануари.