За некој кој го следи фудбалот површно можеби е чудно што една екипа како Беса од Добридол е лидер во Втората лига и тим кој според сите фудбалски критериуми ќе биде и нов прволигаш.
За таквите е чудно што ваков непознат до вчера клуб е пред еден Пелистер, Победа, Тетекс… но во фудбалот треба акција на терен а не празни муабети на маса и удирање во гради.
Беса не запира и со стартот на Новата 2024 година.
Дека во Беса не оставаат ништо на случајност говори и информацијата дека клубот главниот дел од подготовките ќе ги минат во Турција. Екипата за Анталија оди кон крајот на месецов а таму е можен дуел со балканскиот титан Лудогорец а во опција е и тест со Сигма Оломуц од Чешка.