Не само што знае и тоа како добро да игра тенис, Новак Ѓоковиќ на дело покажа дека е вистински шоумен, односно дека знае добро да игра и оро.
Пред ревијалниот меч во игра на двојки во Мелбурн, Новак при влегувањето на терен беше пречекан од фолклорна група. Тој не се двоумеше и им се придружи и заигра оро со нив на воодушевување на сите присутни.
Инаку познато е дека Новак е фаворит бр.1 на претстојниот АО во Мелбурн кој започнува на 14 јануари.
Son olarak anlık Djokovic.. pic.twitter.com/92v4Umzsdp
— Alper (@alpeerkucuk) January 11, 2024