Добра вест за Клоп: Собослаи се враќа за десетина дена

130

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Доминик Собослаи, најави дека неговото закрепнување по повредата тече нормално и се надева дека многу брзо ќе се врати на терените. Собослаи изрази надеж дека би можел да биде во тимот за следниот натпревар од Премиер лигата против Борнмаут на 21 јануари.

„Се уште трчам без топка, но многу наскоро ќе можам да тренирам внимателно и со топка. Ситуацијата се подобрува. Да, би можел да се вратам на натпреварот со Борнмаут, но не сакаме да брзаме. Ако треба би пропуштил уште еден натпревар, за да не го обновиме проблемот и да можам да играм редовно“, изјави Собослаи за унгарските медиуми.

ПретходноЕП 2024: Фарските Острови добро ја испотија Словенија, лесни победи за Португалија и Холандија
СледноУште една лоша вест за фановите на Рома: Дибала повторно е повреден