ЕП 2024: Фарските Острови добро ја испотија Словенија, лесни победи за Португалија и Холандија

149

Во најинтересниот меч од денешната попладневна понуда на вториот ден на ЕП во Германија, селекцијата на Словенија во Берлин прописно се испоти на дуелот со дебитантот на првенството, селекцијата на Фарските Острови. На крајот момците на Урош Зорман славеа со 32:29, но впечатокот кој го оставија младите ракометари на Фарските Острови најавува дека оваа генерација има што да покаже и на ова ЕП.

Влах со 8 и Зарабец со 7 гола беа предводници на словенечкиот тим, додека одличен меч за Фарските Острови одиграа централиот бек А Скипаготу кој посигна 9 и младото крило Ав Теигум кој заврши со 8 погодока.

Во групата „Е“, Холандија тргна со очекувана победа. „Лалињата“ во воведниот меч во групата нема поголеми проблеми против дебитантот Грузија и на крајот однесоа  победа од 34:29. Победата можеше да биде и поубедлива, но Грузијците во финишот искористија мало опуштање на Холандија и успеаја да се приближат.

Тен Велде и Баијенс постигнаа по 6 гола за „лалињата“, додека кај Грузија најефикасен беше Чковребадзе со 9 гола.

Во првиот натпревар во групата „Ф“, селекцијата на Португалија славеше над Грција со 31:24. Мечот понуди две интересни полуремиња, во кои Португалците покажаа дека во моментов се подобра селекција од дебитантот на континенталното пренство. Ако во првиот дел Грците успеваа да одржат пристојна негатива, Португалија во вториот дел уште повеќе го забрза темпото и дојде до убедлив триумф.

Франциско Коста со 6 гола беше најефикасен кај Португалија, додека кај Грците, Малиос, Савас и Кедерис завршија со по 5 гола.

ПретходноПризна дека со поткуп и местење на натпревари станал селектор на Кина
СледноДобра вест за Клоп: Собослаи се враќа за десетина дена