СпортСпорт во Германија, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација се сели во Берлин, таму ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза на ЕП. Нашите момци на стартот, очекувано беа поразени од Франција со 39-29.
Резултатот ги боли сите во нашиот табор, особено што во првото полувреме беа рамноправен противник, останува да научат од грешките, кои ги имаа многу против еден актуелн олимписки првак.
„Тешко е да се биде задоволен со пораз како спортист несомнено, но како и да е од овој меч може да извлечеме позитивни работи. Имаме уште четири дена до следниот меч. Беше прекрасно да се игра пред ваква публика и атмосфера, благодарност до нашите навивачи. Бевме ние рамноправни во еден момент, но дојде на израз силата и брзината на Франција. Планот ни беше одличен, ама брзоплетите грешки на стартот на вториот дел кога игравме седум на шест, продадовме неколку топки евтино и така се направи разликата. Ако го тргнеме на страна резултатот, Французите не беа толку поквалитетни од нас како што диктира нивното име. Има повеќе позитивни работи од негативни по овој натпревар за нас“, изјави Милан Лазаревски.
Македонија вториот натпревар на ЕП го игра на 14. јануари против домаќинот Германија.