ОФИЦИЈАЛНО: Ганецот Ансах е нов играч на Шкупи

479

Поранешниот македонски шампион Шкупи ги засили своите редови со фудбалерот од Гана, Клемен Ансах. Тој има 19 години и доаѓа од Премиер лигата на Гана поточно од клубот Бофоаква Тано.
Ансах е играч од средината на теренот и потпиша три годишен договор со чаирчани.
Кога првпат дојдов во овој клуб, почувствував топлина и гостопримство од играчите и стручниот штаб. Се гледа дека Шкупи не е само екипа, туку е фамилија чии членови постојано се поддржуваат меѓу себе. Со ентузијазам и задоволство ја започнуваам кариерата во Македонија. Сакам да придонесам на тимот да реди победи и да освојува трофеи. Ја му се заблагодарувам на клубот за довербата и се надевам дека ќе ја оправдам“, изјави Ансах.

ПретходноГолот на Лазаревски меѓу петте најдобри во 1 коло од групата А (видео)
СледноАлтипармаковски е „црвено-црн“ – дојде за голови во Вардар