ОФИЦИЈАЛНО: Раду Драгушин потпиша за Тотенхем

305

Романскиот репрезентативец и до скоро фудбалер на Џенова, Раду Драгушин ја официјализираше соработката со екипата на Тотенхем.

21-годишникот потпиша договор со важност до 2030 година. Тотенхем на Џенова и исплати 30 милиони фунти, но, го испрати и Џед Спенс на позајмица во италијанскиот тим.

Ова е втор трансфер кој Тотенхем го направи овој преоден рок по трансферот на Тимо Вернер.

ПретходноУште една лоша вест за фановите на Рома: Дибала повторно е повреден
СледноКомплетирани четвртфиналните дуели на ЕП во ватерполо