Призна дека со поткуп и местење на натпревари станал селектор на Кина

390

Кинеската државна телевизија во вторникот емитуваше интервјуа на поранешни фудбалски функционери кои признаа дека земале поткуп што наводно резултирало со слаб настап на тимот на меѓународните турнири.
Признанијата беа емитувани само неколку дена пред турнирот во Азискиот куп по долгогодишна истрага за слабите перформанси на машкиот тим, кој бележеше порази од земји како Виетнам и Сирија.

Ли Тие, поранешниот играч од средниот ред на Евертон и поранешен селектор на националниот тим, ја призна својата вмешаност во поткуп и местење натпревари во документарен филм против графт, емитуван од CCTV во вторникот.

Тој беше ставен под истрага во 2022 година за „сериозни прекршувања на законот“, но досега во јавноста не се откриени детални информации за случајот.

Ли признал дека платил 3 милиони јуани (418.500 американски долари) како мито за да стане селектор на репрезентацијата, и дека успесите на двете екипи што ги тренирал од пониската дивизија во кинеската Суперлига биле постигнати со местење натпревари.

Во сезоната 2018, Ли му плати 2 милиони јуани (280.000 долари) како мито на Чен Џујуан, поранешниот шеф на Кинеската фудбалска асоцијација, и 1 милион јуани мито на Лиу Ји (140.000 долари), поранешен генерален секретар на CFA, за позицијата селектор на репрезентацијата.

Во ноември 2022 година, Ли беше ставен под истрага од надзорните органи. Истрагата доведе до разоткривање на неколку други функционери осомничени за корупција и други матни зделки во кинескиот фудбал.

Ли беше селектор на Кина од 2019 до 2021 година. Претходно работеше како асистент во кинеската репрезентација, а освен во Вухан работел и во Хебеи.

ПретходноСрбија во шок: Тинејџер со 18 години од некој си ИМТ во Стразбур за 5 милиони евра!
СледноЕП 2024: Фарските Острови добро ја испотија Словенија, лесни победи за Португалија и Холандија