Проблеми во авионот на репрезентацијата на Гамбија: „Можевме да загинеме…“

270

Уште не почнат Африканскиот куп на нациите и веднаш инцидент. Репрезентацијата на Гамбија летала кон Брегот на Слоновата Коска на АКН кога играчите почнале да се онесвествуваат па пилотот го завртел авионот и се вратил дома.

Причината за овој инцидент е премалиот авион за толку многу луѓе и недостиг на кислород. Неколку играчи се пожалиле на главоболки и гадење, а двајца од нив се уште се трауматизирани од лошото искуство.
Можевме да загинеме. Сите бргу заспавме. По девет минути пилотот одлучи да се врати бидејќи имало недостиг на кислород во авионот. Некои играчи не се разбудија додека не слетавме на аеродромот. Уште половина час лет и ќе се отруевме од јаглерод моноксид“, изјави селекторот Том Сајнтфит.
Гамбија својот прв меч на АФКОН го игра во понеделник проти Сенегал, бранителот на трофејот.

ПретходноИ официјално: Санчо се врати во Дортмунд! (ФОТО)
СледноБеса не запира: Анталија, Лудогорец!