Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс ги засили своите редови со младинските репрезентативци Љупче и Ѓорге Џеков. Љупче е голман, а неговиот брат е одбранбен фудбалер и двајцата доаѓаат од редовите на Академија Пандев Брера.
Силекс со новиот тренер Александар Васоски ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а сигурно ќе има уште некое ново име.