Фрчат “отровни стрели“ во Реал: Сопругата на Лунин го провоцира Кепа! (ФОТО)

6927

Реал Мадрид синоќа во супер интересен меч со 5:3 го победи Атлетико Мадрид во полуфиналето во Супер Купот на Шпанија, меч кој се одигра во С. Арабија. Во отсуство на повредениот Тибо Куртоа, на голот беше Кепа Аризабалага, кој дојде како позајмен од Челзи. Но шпанскиот голман не беше на нивото, а тоа го потврди и тренерот на “кралевите“ Карло Анчелоти. Се очекува на следниот меч на голот да се врати Украинецот Андри Лунин.

Инаку на социјалните мрежи сопругата на Лунин направи хаос. Таа на инстаграм, покрај заедничката слика со Андри, напиша – Без сомневање бр.1.

Подоцна овој пост беше избришан од нејзе, но сепак тоа остана. Она со ова се чини дека директно го испровоцира Кепа, едноставно му испрати „отровни стрели“.Image

ПретходноАко е финалето Реал – Барса билет ќе чини 50 евра, ако е финалето Реал – Осасуна тогаш само 7 евра!
СледноОдермат со прва домашна победа во Венген