Фудбалерите на Јувентус се последниот патник во полуфиналето на италијанскиот Куп. Вечерва на домашен терен, „Старата Дамаго совлада Фросиноне со 4:0 и успеа да запише петта последователна победа.
Аркадиуш Милик имаше извонредна вечер постигнувајќи хет-трик. Првиот гол беше од пенал во 11. минута, а потоа кон крајот на полувремето зголеми и на 2:0.
Само што започна второто полувреме Милик погоди и за 3:0, додека конечниот резултат го постави младиот Јилдиз во 61. Минута.
Јувентус во полуфиналето на Купот ќе се сретне со Лацио.