22-годишниот лев бек Нахуел Франко ќе биде ново засилување за екипата на Вардар оваа пролет. Според последните информации, фудбалерот кој веќе една година е во Македонија како дел од екипата на Брера Струмица, доаѓа на позајмица во екипата на Вардар.
Франко потекнува од школата на Розарио и беше последното минатогодишно зимско засилување за струмичани. Во тековната сезона тој имаше 16 настапи за екипата на Брера во ПМФЛ.