Донаваме дека првото зимско засилување во Вардар доаѓа од Србија и неговото име е Дејан Ѓуриќ. Станува збор за фудбалер кој има 25 години и кој игра на стоперската позиција.
Со него тимот на Горазд Михаилов добива свежина во дефанзивната линија од каде пак си замина Христијан Вецески.
Овој фудбалер е познат во мак-фудбалот со оглед на тоа дека лани го носеше дресот на Работнички за кој одигра 24 средби. Откако замина од Скопје тој во изминатите 6 месеци играше во шампионатот на Грузија. Дејан Ѓуриќ има настапи за младинските селекции за Србија, потекнува од школата на Бродарац со која настапувал и во младинската Лига на шампионите на УЕФА. Стоперот денеска се очекува да се појави на тренинзите на Вардар.
Михајло Милосавиќ кој играше во Вардар како отстапен играч од ТСЦ Бачка Топола е недостапен и не се јавува на повиците што значи дека „црвено-црните“ ќе останат без неговите услуги во вториот дел од сезоната.