Норвешка силно го отвори својот настап на Европското првенство во Германија, откако вечерва ја прегази Полска во 32:21. Скандинавците демонстрираа сила и комплетно ги откжаа Полјаците од намерите да го направат мечот интересен.
Норвешка на полувреме имаше пет гола предност (15:10), но во вториот дел комплетно го „размонтира“ полскиот состав. Сагосен со 6 гола доминираше кај победникот, додека кај Полска, Сичко постигна 5.
Убедлив старт имаа и Данците. Тие вечерва ја совладаа Чешка со 23:14. Интересно, во првиот дел Чешка одигра одлично и имаше егал (9:9), но во вториот дел Хансен, Питлик и Ландин се погрижија работите да дојдат на свое место.
Без поголеми проблеми и третиот скандинавски тим славеше. Шведска, бранителот на европската круна, со 29:20 ја совлада селекцијата на БиХ.