Македонија со нов претседател на МОК на игрите во Париз!

4470
Даниел Димевски

Иницијативата за Вонредно Собрание на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), е поднесена во текот на вчерашниот ден, 9 јануари и истата е доставена до официјалните органи на оваа организација.

Со седум точки на дневниот ред меѓу кои и оние за разрешување на актуелниот претседател Даниел Димески и избор на нов претседател на МОК се ставени и потписите на 31. федерација од вкупно 42 кои учестуваат во органите и телата на комитетот.

СпортСпорт минатата недела најави дека се избројани деновите на Даниел Димевски како прв човек на оваа спортска федерација и дека мнозинството од федерациите се веќе во офанзива за негова смена. Зад иницијативата стои мнозинството од федерациите но и правен тим кој добро ги познава законите и статутот на МОК според кој во рок од 10 дена треба да има одговор на оваа иницијатива со свикување на Вонредно Собрание.

Даниел Димевски сигурно ќе бара начин како да се извлече од оваа офанзива иако за тоа речиси и нема никакви шанси со оглед на тоа дека целокупната спортска јавност има негативни мислење за неговата работа но и неговата личност како претседател на МОК од чија што работа нема никакви ефекти.

Доколку МОК не одговори или ја одбие иницијативата, самите потписници на истата имаат право сами да свикаат Вонредно собрание и со мнозински број на делегати да одржат состанок и да донесат важечки одлуки. Тоа значи дека во наредните 4-6 недели треба да се речи бурата во МОК а Македонија со нов претседател на оваа институција ќе оди на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз.

ПретходноСилекс се пофали со две засилувања
СледноЧао Дизелдорф: Спектакл – за кого како!