Досегашниот капитен на Брера Струмица, Марио Врдољак (30) се чини дека во пролетниот дел ќе игра за Воска. Како што говорат нашите информации, Хрватот од БИХ, кој може да игра на неколку позиции во одбраната и средниот ред веќе ги договорил деталите со прволигашот од Охрид и се очекува негов потпис и промоција.
Да потсетиме дека Врдољак беше една година во Брера Струмица, се наметна како лидер на тимот и затоа во есенскиот дел беше и капитен. Сепак не дојде до продолжување на соработката со струмичани и тој си замина. Секако дека за Воска ова ќе биде големо засилување.