Тиквеш се пофали со Луан Силва и Робертињо од Бразил! (ФОТО)

1125

Како што и најавивме пред три дена, од денеска и официјално Тиквеш има две нови имиња, две големи засилувања и тоа од Бразил. Кавадарчани ги промовираа напаѓачот Луан Силва и играчот за врска Робертињо.

Тие и официјално ставија потпис на договорите со Тиквеш, а потоа шефот на струката Ѓорѓи Мојсов ги претстави своите нови играчи.No description available.

Да потсетиме дека вчера Тиквеш го промовираше и Христијан Малески, кој дојде на позајмица од Струга ТЛ.

Тиквеш тука не запира, како што велат кавадарчани, во наредните денови ќе има уште промоции на нови играчи.

ПретходноСега и Јуве е во “игра“ за Самарџиќ!
СледноМилан Ристовски почна со тренинзи со својот нов клуб: Првите впечатоци се одлични!