Хет-трик на Милик, Јувентус во полуфинале на Купот

160

Фудбалерите на Јувентус се последниот патник во полуфиналето на италијанскиот Куп. Вечерва на домашен терен, „Старата Дамаго совлада Фросиноне со 4:0 и успеа да запише петта последователна победа.

Аркадиуш Милик имаше извонредна вечер постигнувајќи хет-трик. Првиот гол беше од пенал во 11. минута, а потоа кон крајот на полувремето зголеми и на 2:0.

Само што започна второто полувреме Милик погоди и за 3:0, додека конечниот резултат го постави младиот Јилдиз во 61. Минута.

Јувентус во полуфиналето на Купот ќе се сретне со Лацио.

ПретходноОдлична партија и победа на Ц. Звезда во Милано
СледноИсторијата е испишана, Оклахома го прегази Портланд!