И дефинитивно во Челзи едноставно како да немаат памет кога станива збор за трансферите. По сите милиони, или вкупно милијарда евра, колку што се фрлени во последните три преодни рока, “сините“ од Лондон сега сакаат да го купат Еван Фергусон од Брајтон за неверојатни 115 милиони евра.
Барем такви се информациите од Островот. Не дека Фергусон е лош фудбалер, Ирецот кој има само 19 години е голема надеж, но тој на Де Зерби не е во првите единаесет.
Токму затоа зачудува оваа одлука на газдата на Челзи, Тод Боли да „притиска“ за овој трансфер.
Додека тој се расфрла со парите резултатите на неговиот Челзи се повеќе од ужас.