Барса останува без Рафиња цел месец

154

Бразилскиот крилен напаѓач од екипата на Барселона, Рафиња, по се изгледа најмалку до крајот на јануари ќе биде надвор од терените.

Крилниот напаѓач заработи повреда на левата бутина на натпреварот против Осасуна во Суперкупот на Шпанија.

Според шпански извори, клубот верува дека закрепнувањето ќе трае еден месец.

Оваа сезона Рафиња одигра 15 натпревари во Ла Лига и постигна 3 гола.

ПретходноВардар го потврди Дејан Ѓуриќ како прво засилување во зимскиот преоден рок
СледноКои клубови во Премиерлигата ќе бидат најпогодени од првенствата на Африка и Азија?