Кој би рекол дека Шпанија ќе има кошмарен старт на Европското првенство. „Фуријата“ едноставно се изгуби во Мајнхам, а за тоа виновна е Хрватска. „Коцкестите“ одиграа неверојатно добар меч, ја декласираа Шпанија со 29-39 (14-18).
Шоштариќ и Мартиновиќ имаа по осум гола кај победникот, на другата страна Гомез имаше исто толку погодоци.
Доминацијата на хрватската репрезентација против „фуријата“ почна од првите минути и траеше до крајот. Одбраната беше скоцкана, а нападот беше толку течен и добро организиран, што силната Шпанија беше едноставно невидлива на теренот, заедно со своите голмани, не му одеше на Перез де Варгас, ниту пак на неговата замена, Хернандез. И двајцата немаа ниту една одбрана.
Ракометарите на Хрватска отворија со 1-5, па поведоа со 5-10. На другата страна се чини дека предводникот на „фуријата“, Жорди Рибера не успеа од самиот старт да ја најде вистинската постава. Пред крајот на првото и почетокот на второто полувреме Хрватска направи серија од 6-1 и поведе со 15-24 во 35 минута.
A great start for Croatia 🇭🇷 makes Jordi Ribera ask for an early timeout! ✋
Are 🇪🇸 in trouble? 😱#ehfeuro2024 #heretoplay @HRS_CHF @RFEBalonmano pic.twitter.com/KRLlXaDDr5— EHF EURO (@EHFEURO) January 12, 2024
Едноставно Шпанија беше непрепознатлива на теренот. Ова беше сигурно едно од најлошите мечеви на отварањето на еден шампионат. А за тоа говори и првата двоцифрена предност на Хрватска од 23-34 во 50. минута. Тука беше кратко на оваа средба, ништо не се промени.
🇭🇷 Matej Mandic, a symbol of Croatia’s success today ✨ @HRS_CHF #ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/Rb6iTEOitZ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 12, 2024
На втората средба во истиот термин, но во Манхајм, Црна Гора не успеа да се избори за реми, Вујовиќ промаши за бод. На крајот Унгарија славеше со 26-24.