Кирил Лазаров: Ако сакаме успех мора да го промениме тоа нашето, македонското!

1371

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

По дуелот со Франција, во недела нашата репрезентација ја чека нов меч на ова ЕП 2024, и тоа со домаќинот, со силната селекција на Германија. Од вчера попладне нашите ракометари се веќе во Берлин, се одработи и еден тренинг.

Селекторот Кирил Лазаров со интересни забелешки по мечот со Франција, а исто така имаше што да каже и во пресрет на дуелот си Гермаците:

Направивме анализа на мечот со Франција. Секако дека жалиме за резултатот, имавме и добри моменти, ама имаше моменти и кога грешевме многу. И кога се игра против една Франција, тоа е премногу. Имавме квалитетно прво полувреме, доаѓаваме до шанси, промашувавме зицери. Мораше на пауза да се оди со подобар реузлтат. Мораме да бидеме попрецизни, максимално фокусирани. Еден сериозен тим не смее да си дозволи да прима голови во последна секунда. Мечот генерално беше убав за око со страшен ритам“ посочи селекторот и продолжи во нему својствен стил:

Ако сакаме успех тогаш ќе мора да го промениме она нашето, македонското. Се сложувм со јавноста дека мораше да бидеме поцврсти, добро трчавме и се враќавме, ама не успеавме да го запреме налетот на Франција. Се сложувам со одредени критики дека мораше да има повеќе контакт со кој ќе изнудуваме деветерци и ќе ги водме кон пасивна игра“.

Лазаров исто така истакна што може да се очекува од наредниот дуел, оној со Германија, но исто така напомена за нашата игра 7-6:

Не велам дека нема да играме и натаму 7-6. Не е моја филозофија да играме само таков тип на ракомет, но така ме водеше натпреварот и чувството против Франција. Сметам дека бевме немоќни кога тие одеа на контакт со ист број ракометари.Веројатно така ќе играме и со Германија, свесен сум дека противникот ќе биде подготвен. Ние имаме кружни напаѓачи кои можеме да ги користиме за таков тип на игра“ истакна селекторот на Македонија, Кире Лазаров.

ПретходноДејан Милосављев: Вакво чувство имав само кога со Вардар ја освоив ЛШ во 2019!
СледноМитровиќ се враќа во Премиерлигата, ќе игра во најбогатиот клуб во светот?!