Кои клубови во Премиерлигата ќе бидат најпогодени од првенствата на Африка и Азија?

517

Со почетокот на Африканскиот Куп на нации и Азискиот куп, голем број клубови од најсилните европски лиги нема да можат да ги користат услугите на играчите кои се повикани во нивните национални тимови. Двата турнира ќе траат околу еден месец и ќе завршат на 10 и 11 февруари, а отсуството на одредени играчи може да се покаже како сериозна пречка за тренерите во екот на сезоната. Ова особено важи за премиерлигашките состави во Англија.

Тим кој најмногу ќе загуби од одржувањето на овие континентални првенства е Нотингем Форест. Менаџерот Нуно Еспирито Санто во наредните недели ќе мора да се справи без тројцата интернационалци на Брегот на Слоновата Коска Серж Орие, Вили Боли и Ибрахим Сангаре, двајцата Сенегалци Муса Ниаките и Шеику Кујате, како и Нигериецот Ола Ајна.

Ливерпул ќе остане без својата голема ѕвезда Египјанецот Мохамед Салах, а ќе отсуствува и Јапонецот Ватару Ендо. За Фулам нема да можат да играат Нигеријците Алекс Ивоби и Калвин Баси, како и репрезентативецот на Сенегал Фоде Бало Туре. Тотенхем остана без својата јужнокорејска ѕвезда Мин Сон, Челзи ќе биде без сенегалскиот напаѓач Николас Џексон, Манчестер Јунајтед нема да смета на камерунскиот голман Андре Онана и Мароканецот Софијане Амрабат, додека Јапонецот Такехиро Томијасу ќе отсуствува кај Арсенал.

ПретходноБарса останува без Рафиња цел месец
СледноУнгарија, Шпанија, Хрватска и Италија ќе се борат за медалите на ЕП во ватерполо