“Кралевите“ ќе добијат по 150.000 евра премија ако ја победат Барса во финалето на Суперкупот!

1877

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, капитените на Реал Мадрид имале состанок со првиот човек на клубот, Флорентино Перез пред неделното финале во Суперкупот на Шпанија против Барселона.

На него станало збор околу премиите за овој меч и Перез им ветил дека секој играч ќе добие по 150.000 евра ако Реал Мадрид ја победи Барселона во финалниот меч.

Да потсетиме дека и овој Суперкуп, како и минатиот, се игра во С. Арабија. Во полуфиналето Реал Мадрид беше подобар од Атлетико Мадрид, а Барса ја совлада Осасуна.

Значи не очекува ново Ел Класико во недела.

ПретходноПешевски: Ние сме во супертешка група – нема слаб противник!
СледноКристијан Николов со потпис за Капакли!