Лоша вест за Македонија, добра за Швајцарија

11587

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Еден од најдобрите ракометари на швајцарската ракометна репрезентација, Никола Портнер се повреди на дуелот против Германија во првото коло на Европското првенство.

Голманот на Швајцарија не го доигра дуелот против домаќинот на шампионатот, пред крајот на второто полувреме мораше да го напушти теренот, откако незгодно доскокна.

По деталните прегледи и снимање со магнет, од федерацијата на оваа земја беше соопштено дека станува збор за истегнување на лигамент и дека тој ќе продолжи со настапот на ЕП.

Никола Портнер кој е голман на европскиот шампион Магдебург, се очекува да биде на располагање за следните мечеви, најверојатно ќе го чуваат за пресметката со Македонија која е закажана за 16. јануари.

ПретходноИграчите од регионот нема да бидат странци во Македонија!
СледноЕП 2024: Балканската тројка пред тешка задача