Луд меч во Белград: Партизан се врати од -24 и на крајот победи!

820

Кошаркарите на Партизан го совладаа тимот на Макаби Тел Авив со 88:79 во „Штарк Арена“ во дуелот од 21. коло на Евролигата во меч во кој приредија неверојатен пресвртч.

Партизан изгледаше целосно скршено, распрскано на паркетот во првиот дел кога гостите успеаја да направат предност од 24 поени и да најават голем триумф пред преполата арена. Сепак, момците на Обрадовиќ приредија незаборавно второ полувреме, во кое не само што надоместија длабока негатива, туку н акрајот дојдоа и до убедлива победа.

Пи Џеј Даузер беше најефикасен играч на Партизан со 23 постигнати поени, 20 постигна Џејмс Нанели. Во Макаби Вејд Болдвин со 19 беше најдобар на паркетот.

На останатите дуели вечерва беа постигнати следните резултати:

Анадолу Ефес – В. Болоња 99-75

Барселона – Жалгирис 91-73

Басконија – Олимпијакос 80-69

ПретходноБаерн со убедлива победа ја почна „пролетта“ во Бундеслигата (ВИДЕО)
СледноСамо во Аргентина: Фановите им удрија ќотек на своите играчи! (ВИДЕО)