Миовски: Информациите за мој трансфер се шпекулации

461

Напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски постојано е на страниците на медиумите поради интересот на некои големи клубови. Се споменуваа Саутемптон, Селтик, француски клубови… Минатата сезона Бојан постигна 18 голови за клубот, во оваа 15. Тој изјави дека е среќен во Абердин и не брза со трансфер.
Убаво се чувствувам во Абердин и имам уште две и пол годишен договор. Сите информации за мој трансфер се шпекулации и тоа е нормално кога фудбалер игра во добра форма и постигнува голови. Таквите фудбалери постојано се следени од поголеми клубови.
Јас сум задоволен од престојот во Абердин. Тука сум веќе една и пол година и до сега постигнав 33 гола. Среќен сум тука, а и луѓето во Абердин се среќни што сум тука“, изјави Миовски.
И Абердин не е за продажба на фудбалерот кој го купија од Унгарија за само 600.000 фунти.

ПретходноЕП 2024: Балканската тројка пред тешка задача
СледноНајтрофејниот со уште еден трансфер: Ѓурковски се враќа во Вардар! (ФОТО)