Пешевски: Ние сме во супертешка група – нема слаб противник!

130

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Овој јануарски поход за македонската ракометна репрезентација е вистински предизвик и тоа од два аспекти. Нашиот најдобар национален тим минува низ процес на транзиција во составот има повеќе млади од искусни ракометари, и како „капак“ доби исклучително тешки противници.

По олимпискиот првак, Франција, нашите момци ќе играат против Германија која во првото коло одигра одличен меч против Швајцарија. Домаќинот не ЕП не е со исто квалитет како Франција, но е фаворит и игра мотивирано пред своите фанови.

„Ние сме во супертешка група каде што нема слаб противник. Секако, Германците не се велесила како што е Франција. Имаме неколку дена пауза за да се подготвиме, верувам дека не сме без шанси на овој натпревар. Треба да одиграме најдобро што знаеме, да испочитуваме се што ќе договориме како тактика, па ќе видиме каков резултат тоа би ни донело против домаќинот на овој шампиона“, ни изјави Жарко Пешевски.

Останува до дуелот со Германија, нашите момци да ги поправат грешките, а за да бидат подобри да ја негуваат играта од првото полувреме против Франција.

ПретходноТиквеш не запира: Промовиран и Кико Стојковски!
Следно“Кралевите“ ќе добијат по 150.000 евра премија ако ја победат Барса во финалето на Суперкупот!