И тоа како Тиквеш не се шегува и не запира во овој зимски преоден рок. По двајцата Бразилци, по Христијан Малески, од денеска и официјално ново име во таборот на кавадаречкиот прволигаш е Кристијан Стојковски. Кико е позната “фаца“ во ПМФЛ, доаѓа од Македонија ЃП, има играно и за Работнички, Брера, Шкупи, Тетекс и со својот квалитет и искуство секако дека и тоа ќе му помогне на Тиквеш во пролетниот дел да ги оствари своите амбиции.
Стојковски имапше понуди од повеќе клубови во Македонија, но сепак го одбра Тиквеш.