Ватерполо селекците на Унгарија, Шпанија, Хрватска и Италија се полуфиналисти на ЕП кое се одржува во Хрватска. Денеска се одиграа комплетните четвртфинални дуели, во кои најмногу возбудувања донесе пресметката меѓу Унгарија и Србија која беше решена со подобро изведување на пенали.
Во регуларниот дел мечот заврши 10:10, а Унгарците славеа по подобро изведување на пенали со 5:4. Трагичар за Србија во пенал-рулетот беше Марко Радуловиќ, кој на крајот не ни успеа да го изведе пеналот бидејќи топката му испадна од рака.
Шпанците ја победија Романија со 24:7 и продолжуваат да се борат за златен медал и пласман на Олимписките игри, а со одлична игра и Хрватска ја победи Грција со 13:8 и се пласираше во полуфиналето каде за противник ќе ја има Унгарија.
Во последниот меч вечерва, Италија ја победи Црна Гора со 14:8, откако Црногорците дозволија само една четвртина да им пресуди. Имено во вториот период им дозволија на Италијанците да направат серија од 5:0 и практично да го решат победникот на мечот. Италија во полуфиналето ќе игра со Шпанија.