Анес Мелиќи (18), еден од најталентираните играчи на Шкендија и младински репрезентативец на Македонија, денеска и официјално стави потпис на 3,5 годишен професионален договор со тетовските “црвено -црни“. Мелиќи веќе извесен период тренира со првиот тим, има настапи на контролни мечеви а своето официјално деби за Шкендија ќе дојде набрзо.
И Шкендија и самиот Анес истакнуваат дека ова треба да биде ново поглавје во развојот на младиот и талентиран фудбалер, кој трба допрва уште повеќе да го докажува својот талент.