И натаму во Хрватска и посебно во Хајдук главна тема е фантастичниот гол на Алекс Трајковски и тоа директно од корнер кој му го даде на МОЛ Фехервар на пријателската попладнево која се одигра во Умаг.
За сајтот на Хајдук, Трајковски беше искрен:
“Искрено, не сакав да шутирам директно во голот, едноставно не беше таква мојата намерта. Сакав, како и секогаш, остро да центрирам пред противничкиот гол. Но, ете ветрот ми помогна и постигнав навистина убав гол“ посочи Македонецот.
Штета…
Тоа е македонче. Место да каже – Да, го гаѓав голот, сакав да постигнам гол од корнер, имав намера да погодам од корнер, како што тоа некои други го прават, како српските фудбалери на пример, Трајковски е брутално искрен.
Голем човек, но сепак некогаш треба и самиот да се пофалиш и да се направиш мангуп, посебно по една ваква мајсторија.