Бразилскиот крилен напаѓач од екипата на Барселона, Рафиња, по се изгледа најмалку до крајот на јануари ќе биде надвор од терените.
Крилниот напаѓач заработи повреда на левата бутина на натпреварот против Осасуна во Суперкупот на Шпанија.
Според шпански извори, клубот верува дека закрепнувањето ќе трае еден месец.
Оваа сезона Рафиња одигра 15 натпревари во Ла Лига и постигна 3 гола.