Голманот на германската ракометна репрезентација, Андреас Волф по брилјантната партија во првото коло против Швајцарија, вели дека сите во германскиот тим треба да бидат свесни дека со Македонија ќе биде многу поинаков меч.
„Мислам дека можеме да се надоврземе на играта од мечот со Швајцарија, но верувајте, со Македонија ќе чека сосема поинаков натпревар. Начинот на кој Македонија постапува со седмиот надворешен играч во нападот веројатно ќе биде многу, многу непривлечен за гледачите, а за нас многу тешко да се одбраниме“, предвидува Волф, кој сепак е оптимист и се надева на нов успех.