Вечерва од 18 часот во Минхен, репрезентацијата на Србија ќе го одигра својот прв меч на ова ЕУРО 2024 и тоа против Исланд. За српски „Моцартспорт“,екс голманот на Вардар, а сега член на Фуске Берлин, Дејан Милосављев во пресрет на денешниот меч посочи дека одлично се чувствува, дека е подготвен и дека очекува добар меч од страна на неговата репрезентација.
Интересно, тука го спомна Вардар, со кого во 2019 беше најдобар во Европа:
“Фантастично се чувствувам. Вакво чувство имав само кога со Вардар ја освоив Лигата на Шампионите во таа 2019 година. Полн сум со енергија, се надевам дека сета енергија што ја имам во себе ќе ја пренесам на моите соиграчи на теренот“ рече покрај другото голманот на репрезентацијата на Србија.