Бранителот на титулата на Азискиот куп, селекцијата на Катар со победа го отвори новото континентално првенство на Азија. Домаќинот на турнирот лесно го совлада Либан со 3-0.
Катарците не се штедеа за свеченото отворање на преполниот стадион Лусаил, кој потсетуваше на незаборавно финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција пред повеќе од една година.
Акрам Афиф во првото полувреме ги доведе домашните до предност од 1:0, а во вториот дел најпрво Али, а потоа и вторпат Афиф погодија за убедлив триумф на домашните од 3:0.
Останатите две селекции од групата „А“, Кина и Таџикистан, ќе играат меѓусебе утре.