Најтрофејниот со уште еден трансфер: Ѓурковски се враќа во Вардар! (ФОТО)

3464

Како што дознаваме, Александар Ѓурковски (21) во пролетниот дел ќе го носи дресот на Вардар. Станува збор за дефанзивец и член на младата репрезентација на Македонија до 21 година. Досега тој го носеше дресот на Тиквеш.

Инаку Ѓурковски потекнува од школата на Вардар, а во 2021 година направи трансфер во Шкупи, потоа играше и за Тиквеш.No description available.

Ова е уште еден трансфер на најтрофејниот во текот на овој зимски преоден рок. Како што веќе нагласивме во текот на вчерашниот ден, Вардар се засили со Нахуел Франко од Брера, Дејан Ѓуриќ од Србија и Марјан Алтипармаковски од Раднички Белград, каде ги мина последните шест месеци.

Веќе нема дилеми, Вардар не се шегува, раководството на тимот прави напори да му безбеди на новиот тренер Горазд Михаилов што поквалитетен ростер за пролетната битка за опстанок.

ПретходноМиовски: Информациите за мој трансфер се шпекулации
СледноКостески: Верувам дека ќе бидеме уште подобри!