По Санчо, Борусија се засили со фудбалер од Челзи

332

Само ден откако го врати Џејдон Санчо, Борусија Дортмунд се пофали со уште едно засилување. Се работи за 21-годишниот Ијан Матсен кој доаѓа од редовите на Челзи. Исто како и Санчо, младиот холандски интернационалец ќе игра за германскиот тим како позајмен до крајот на сезоната.
Матсен има договор со Челзи до 2026 година, а во договорот со Борусија засега нема опција за откуп.
Матсен играл за младинските тимот на Феенорд, Спарта Ротердам, ПСВ како и Челзи. Во првиот тим на Челзи е промовиран во 2019 година и до сега има 12 настапи во Премиер лигата. По една сезона поминал на позајмици во Чарлтон, Ковентри и Барнли.
Се работи за играч кој игра како лев бек или лево крило.

ПретходноКостески: Верувам дека ќе бидеме уште подобри!
СледноДејан Милосављев: Вакво чувство имав само кога со Вардар ја освоив ЛШ во 2019!