Ерлинг Халанд, најдобриот голгетер во светот сеуште не е заздравен целосно. Тој е воп „аут“ веќе еден месец. Се очекуваше неговото враќање во тимот да биде утре на гостувањето кај Њукасл, во дербито на 21.коло во Премиерлигата, но сепак Пеп Гвардиола и на оваа средба ќе мора без својот главен адут. Иако Халанд почна со тренинзи, сепак тие се индивидуални и никој не знае до кога ќе биде надвор од тимот поради повреда.
“Халанд е во `аут`, исто така и Стоунс. Мислам дека тоа е се“ изјави кусо Пеп Гвардиола на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Њукасл.