Бразилецот Менсалaо се врати во ПМФЛ, сега потпиша за Воска Спорт

470

Екипата на Воска Спорт денеска го потврди договорот со Бразилецот Андре Менсалао, кој во Воска доаѓа од ерменскиот тим на Вест Ерменија.

Менсалао е познато име и за нашиот локален фудбал, бидејќи во 2022 година ги бранеше боите на Шкендија. Станува збор за играч за врска, кој исто така игра како офанзивен играч.

За екипата на Вест Ерменија одигра 17 натпревари, постигна 4 гола и 4 асистенции.

ПретходноВардар го потврди и Алтипармаковски
СледноДимитријевиќ повторно добар, но Уникс повторно со пораз!