Вардар го потврди и Алтипармаковски

312
Искусниот 32-годишен напаѓач Марјан Алтипармаковски е нов играч на ФК Вардар.
Она што веќе го објавивме, денеска доби и официјална потврда. Алтипармаковски доаѓа во Скопје од екипата на Раднички Белград.
Во ПМФЛ тој досега има забележано 164 настапи во кои има постигнато 41 гол. Во својата досегашна богата кариера има настапувано во екипите на Работнички, Брегалница, Струга, Пелистер (Македонија), a како интернационалец има настапувано и во Судува (Литванија), Лачи (Албанија), Инкер Запрешиќ (Хрватска), Панилиакос, Ксанти (Грција), Раднички Белград (Србија), Сараево (Босна), Пирин (Бугарија).
Во својата кариера има забележано и 13 настапи за младата репрезентација на Македонија.
ПретходноГерманија без десниот бек Хефнер за утрешниот меч со Македонија
СледноБразилецот Менсалaо се врати во ПМФЛ, сега потпиша за Воска Спорт