Денеска на ЕП: Словенија против Полска, БиХ со Холандија

89

Денеска на програмата на ЕП 2024 се шест натпревари, а од 18 часот играат Словенија и Полска на „Мерцедес Бенз Арена“. Тоа е меч од групата Д.
Словенија ги победи Фарски Острови со 32:29 на премиерата, а победа против Полска им ги отвора вратите за Хамбург, каде што ќе се соочат екипите од групите Д, Е и Ф. Полска изгуби од Норвешка во првиот меч со убедлив резултат 21:32 па сега ќе мора да запне за да извлече бодови против составот предводен од Урош Зорман.
Во истата група се очекува лесна победа на Норвешка над Фарските Острови.
Од 18 часот на „САП Арена“ во Мајнхејм играат БиХ и Холандија. БиХ изгуби од Шведска на првиот меч, а има мали шанси за изненадување против Холандија на вечерашниот дуел. Холанѓаните во првото коло славеа над Грузија.

ДЕНЕСКА
ГРУПА Е
БИХ – ХОЛАНДИЈА 18:00 ч.
ШВЕДСКА – ГРУЗИЈА 20:30 ч.
ТАБЕЛА: Шведска 2 бода, Холандија 2, Грузија 0, БиХ 0

ГРУПА Ф
ЧЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА 18:00 ч.
ГРЦИЈА – ДАНСКА 20:30 ч.
ТАБЕЛА: Данска 2 бода, Португалија 2, Грција 0, Чешка 0

ГРУПА Д
Ф.ОСТРОВИ – НОРВЕШКА 20:30 ч.
ПОЛСКА – СЛОВЕНИЈА 18:00 ч.
ТАБЕЛА: Норвешка 2, Словенија 2, Ф.Острови 0, Полска 0

ПретходноВечерва во Абиџан започнува Африканскиот куп на нациите, Сенегал ја брани титулата
СледноБаерн постави бундеслигашки рекорд