Камерун остана без капитенот за Купот на африкански нации?

146

Капитенот на фудбалската репрезентација на Камерун, Винсент Абубакар се повредил на вчерашниот тренинг и како што соопштија од репрезентацијата, постои можност тој воопшто да не може да игра на Африканскиот куп на нации.

Абубакар на тренингот во петокот ги повреди лигаментите на коленото, а денеска се прават дополнителни прегледи. Откако ќе бидат прегледани резултатите од сите прегледи, ќе се одлучи дали тој воопшто ќе учествува на континенталното првенство.

Абубакар е само еден од четворицата играчи во репрезентацијата на Камерун кои го освоија Африканскиот куп на нации во 2017 година.

ПретходноДимитријевиќ повторно добар, но Уникс повторно со пораз!
СледноПепи Ѓорѓиев се враќа во Брегалница!