Лазаров: Германците имаат цврста дефанзива, треба да сме ментално силни и помалку да грешиме

385

По поразот од Франција во првото коло, македонската репрезентација ќе игра со домаќинот Германија во 2.коло од групата на ЕП. Фаворит е Германија која е домаќин и која тргна фуриозно со убедлива победа над Швајцарија.

За Германија и за начинот на кој треба да одигра македонскиот тим зборуваше селекторот Кире Лазаров.

Германците анализираат како што анализираме ние, точно е дека против Франција потрошивме многу од нашата игра во напад, да играме седум на шест затоа што бевме немоќни на шест на шест и едноставно бевме приморани да одиграме поинаку, а тоа изгледаше донекаде добро но исто така имавме и изгубени топки на таа игра. Добро е што имаме уште една опција во нападот со таа игра седум на шест, нема да остапиме од тоа, но се надевам дека нема да има потреба да го играме така цело време“, изјави Лазаров.

Што е поразлично во оваа германска репрезентација?

Тие беа хипер мотивирани, а со таков пристап било која репрезентација може да го покрие недостатокот на квалитет. Не велам дека Германците не се квалитетни, една голема борба, голема желба, голема мотивираност ја демолираа репрезентацијата на Швајцарија која, гледајќи со кои играчи располага не беше достојна, едноставно подлегнаа на притисокот.

Мислам дека Германците ги изненадија сите со самиот пристап, желба, одиграа еден цврст и комплетен натпревар 60 минути и покажаа дека ќе котираат високо“, изјави селекторот.

И дадодвме 29 гола на една Франција, со колку гола би бил задоволен на дуелот со Германија?

Со оглед дека ги имаат Шмид,  Зендер и Рубин кој се врвни голгетери, пробуваме да анализираме и навистина имаат цврста дефанзива. Мислам дека ќе имаме добра бројка на голови. Очекувам цврста Германија, која ќе бара многу контакт, прекини и ќе не доведува во пасивна ситуација и со тоа да ни контрираат брзо. Треба да се спремине, пред се ментално и да имаме континуитет, да не одиме многу во фаули  и да бидеме поефикасни“, заврши Лазаров.

ПретходноБразил и Аргентина ги дознаа казните од ФИФА за нередите на „Маракана“
СледноТомовски: Германија е подобра репрезентација од Франција