Повратникот Михаил Маневски е првото засилување за штипска Брегалница во зимскиот преоден рок.
Како што објавија од клубот денеска, Маневски е искусен фудбалер кој покрај во Брегалница, настапуваше и во Академија Пандев, Силекс, Шкендија и Гостивар.
Михаил Маневски во февруари ќе наполни 25 години и игра на позиција лев бек.