ЕП 2024: Начевски и Николов со прва задача и тоа во Берлин

637

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Денеска во „Мерцедес Бенц Арена“ на програмата е второто коло од групата Д. На првата средба, поточно на дуелот меѓу Полска и Словенија (18 часот) правдата ќе ја дели најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Ова ќе биде и прва задача за нашите судии на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Покрај оваа средба во Берлин, во терминот од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Фарски Острови и Норвешка.

Инаку на истото место, но во недела, македонската ракометна репрезентација ќе ги одмери силите против домаќинот, Германија. Мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Денеска ќе се одиграа мечевите од групата Е: Босна првата победа ќе ја бара против Холандија (18 часот), додека Шведска ќе се сретне со Грузија (20:30 часот). Во групата Ф, Чешка игра против Португалија (18 часот), а Данска против Грција (20:30 часот).

ПретходноСрбинот е машина: Прв трипл-дабл за Јокиќ во оваа година!
СледноСензационален трансфер, Модриќ си најде нов клуб!