Пепи Ѓорѓиев се враќа во Брегалница!

1063

Откако денеска и официјално го раскина договорот со Гостивар, напаѓачот Пепи Ѓорѓиев како што велат нашите информации се враќа во Брегалница, каде беше од 2019 до 2020 година. Секако дека со него штипските “сини“ и тоа како ќе добијат квалитет во нападот, ќе дојдат и головите, она што на тимот на стратегот Горан Здравков во есенскиот дел и тоа како му недостасуваше.

Да кажеме и тоа дека од Гостивар денеска си заминаа и Гоба Закпа, Јаник Нкурунзиза, Михаил Маневски кој веќе е промовиран во Брегалница, Фатјон Јусуфи, Ремзифаик Селмани, Емран Рамадани.

ПретходноКамерун остана без капитенот за Купот на африкански нации?
СледноЕП: Холандија ја декласира БиХ, Словенија со лекција за Полска, Португалците со втора победа