Селекторот на Хрватска: Шпанците и да играа со осум играчи ништо немаше да смени!

2942

Хрватската ракометна репрезентација е најголемиот хит по првото коло на Европското првенство кое се одржува во Германија. Оваа селекција и одржа лекција на Шпанија совладувајќи ја со убедливи 39-29. Избраниците на селекторот Горан Перковац на фантастичен начин го отворија турнирот, против актуелниот европски вицешампион и најсилен ривал од групата Б.

Предводникот на хрватската репрезентација имаше право на задоволство по мечот, даде легендарна изјава која брзо се прошири на социјалните мрежи.

„Честитки до играчите, горд сум на нив. Не знам кога некој ја добил Шпанија со +10. Кога играме ваква одбрана, тешко е да се загуби. Не е лесно да се победи Шпанија, особено не со оваа разлика. Треба да ја смириме еуфоријата. Добивме два бода, но го имаме следниот натпревар. 

Можеа да играат 8 на 6 и ништо немаше да им значи. Уметност во ракометот, но нема да претеруваме, имаме уште многу работа. Не знам кога последен пат нивните голмани имале една одбрана. Игравме многу безбедно и нормално на голот. Тоа беше одлучувачки фактор“, заклучи Перковац.

ПретходноСамо во Аргентина: Фановите им удрија ќотек на своите играчи! (ВИДЕО)
СледноСрбинот е машина: Прв трипл-дабл за Јокиќ во оваа година!